Home Актуелно Вучиќ се вети: Ако ја добиеме „таа“ инвестиција во јуни – ќе скокнам сосе костум во базен

Вучиќ се вети: Ако ја добиеме „таа“ инвестиција во јуни – ќе скокнам сосе костум во базен

„Ќе скокнам во базен во костум ако ја добиеме таа инвестиција“ – ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, посочувајќи дека се работи за „голема работа и голема инвестиција“.

-Вестите пристигнуваат во јуни! Има уште две земји во игра, и ако тоа се случи, јас сум готов! – рече Вучиќ.

Тој објасни дека во втората половина на јуни ќе се знае одлуката на еден голем светски производител на автомобили дали ќе инвестира во Србија.

-Ветувам дека во костум ќе скокнам во базенот Ташмајдан доколку таа вест ја добиеме во јуни. Таа вест е толку важна и после тоа, ја завршив работата за Србија – рече тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…