Home Актуелно Моќната „седумка“ целосно се обврза да не купува руска нафта

Моќната „седумка“ целосно се обврза да не купува руска нафта

Седумте членки кои ја сочинуваат групата Седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) денес целосно се обврзаа дека ќе го забранат или постепено ќе го прекинат увозот на руска нафта, соопшти денес Белата куќа.

Оваа одлука „ќе ѝ зададе силен удар на главата артерија која ја храни економијата на (рускиот претседател Владимир) Путин и ќе му ги одземе приходите потребни за финансирање на војната“ против Украина, се истакнува во соопштението на американската влада.

Во соопштението сепак не се наведува какви точно обврски преземала секоја поединечна членка на Г7, која ја сочинуваат Германија, Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Британија.

Г7 денес одржа состанок преку видеоврска, трет годинава, со учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Денешниот состанок е симболичен поради тоа што се одржа пред утрешната воена парада во Русија со која се слави победата над нацистичка Германија.

Западот досега цврсто соработуваше во донесувањето санкции против Русија, но не напредува со истата брзина кога станува збор за руските нафта и гас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…