Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Времето во Македонија денеска, 9. мај, понеделник, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 20, Битола 22, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 26, Дојран 27.

И утре ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а попладне југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 17 до 28 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…