Home Актуелно Официјален Кремљ тврди: Тврдењата дека Русија на „Денот на победата“ ќе ѝ објави војна на Украина се чиста глупост

Официјален Кремљ тврди: Тврдењата дека Русија на „Денот на победата“ ќе ѝ објави војна на Украина се чиста глупост

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашање од CNN на редовна онлајн конференција, изјави дека нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, Денот на победата, отфрлајќи ги таквите наводи како „глупости“.

Прашањето кое го доби Песков беше „какви се шансите Путин да објави војна на Денот на победата?“, на што тој одговори: „Никакви“, додавајќи „не, тоа е глупост“.

Песков ги отфрли обвинувањата дека Путин може да го искористи Денот на победата за да објави мобилизација во земјата, што ќе ѝ овозможи на владата не само да собере воени сили, туку и да ја стави економијата на воена основа, пренесува порталот „Денес“.

Аналитичарите и западните претставници претходно изјавија дека веруваат дека Путин сега официјално ќе објави војна на 9 мај, откако двомесечната инвазија на Украина ја нарече „специјална воена операција“.

Секоја година на 9 мај, Русија ја слави победата над нацистите во 1945 година и е еден од најважните празници во земјата. Се шпекулираше дека Путин се подготвува за важна изјава која може да варира од потенцијално директно објавување војна до објава на победа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…