Home Актуелно Рибар пронајден удавен во водите на Охридското езеро

Рибар пронајден удавен во водите на Охридското езеро

Рибар од Охрид утрово се лизнал од карпа на карпите помеѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“ и се удавил. Неговото тело е пронајдено утрово во водите на Охридско Езеро на споменатиот потег меѓу плажите.

Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици.

Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.

Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…