Home Актуелно Во украинскиот град Херсон Русите ќе ја воведат рубљата како платежна валута

Во украинскиот град Херсон Русите ќе ја воведат рубљата како платежна валута

Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1 мај, пренесуваат руски државни медиуми.

Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек руската рубља и украинската гривна, пренесува Би-Би-Си.

– По тој период, регионот целосно ќе премине кон користење на руската валута – додаде Стремусов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…