Home Актуелно МОН апелира: Застој во наставата во школите нема и не смее да има – утре децата да си одат на часови

МОН апелира: Застој во наставата во школите нема и не смее да има – утре децата да си одат на часови

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека оновните и средните училишта од утре ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес, и покрај најавениот штрајк од раководството на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Оттаму објаснуваат дека правната регулатива ги штити интересите и на учениците и согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.

„Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година“, се наведува во соопштението од Министерството за образование.

Од МОН порачуват дека училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…