Home Актуелно Според проценките на НАТО во Украина досега загинале помеѓу 7.000 и 15.000 руски војници

Според проценките на НАТО во Украина досега загинале помеѓу 7.000 и 15.000 руски војници

НАТО денеска излезе со првична проценка дека во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници.

Русија претрпе меѓу 30.000 и 40.000 загуби во персонал, бројка која вклучува жртви, исчезнати, повредени и заробени војници.

Ова е прва јавна оценка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина.

Анонимен функционер на НАТО, кој ги презентира податоците, изјави дека проценката е комбинација на податоци од украинската Влада, индиции од Русија и информации од теренот.

Американската Влада, од друга страна, одбива да објави проценки, наведувајќи дека досега достапните информации не се веродостојни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…