Home Актуелно Руската влада ќе го национализира имотот на странските компании кои ја напуштаат земјата

Руската влада ќе го национализира имотот на странските компании кои ја напуштаат земјата

Од руската владејачка партија Единствена Русија денеска соопшти дека владината комисија го одобрила првиот чекор кон национализација на имотот на странските компании што ја напуштаат земјата, пренесува Ројтерс.

Единствена Русија на мрежата Телеграм објавила дека Комисијата за законодавни активности го поддржала законот со кој се дозволува компаниите во кои странски компании од земјите кои се најдоа на листата непријатели на Русија имаат повеќе од 25 отсто од сопственичкиот удел да бидат ставени под екстерна управа, со цел да се спречи банкрот и да се спасат работните места, пренесува агенцијата Ројтерс.

Од почетокот на руската инвазија на Украина стотици странски компании од сите области се повлекоа од Русија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…