Home Актуелно Македонското МНР му врачи протестна нота на рускиот амасадор кај нас

Македонското МНР му врачи протестна нота на рускиот амасадор кај нас

По денеска одржаниот состанок во Министерството за надворешни работи на тема Русија, во МНР бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин.

Како што потврдуваат извори во МНР за „Слободен печат“, претставници на министерството му упатиле устен демарш на амбасадорот, околу објавата на Руската амбасада од пред два дена, со која се евидентираат „русофобите“ во Македонија.

Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и оти таа надвор од дипломатската комуникација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…