Home Актуелно Заврши третата рунда преговори меѓу Русија и Украина

Заврши третата рунда преговори меѓу Русија и Украина

Денеска се одржа трета рунда преговори меѓу руската и украинската страна. Според украинскиот преговарач Михајло Подољак има позитивни поместувања во однос на прашањето за сигурноста на хуманитарните коридори.

-Третата рунда преговори заврши. Има мали позитивни движења во подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори. Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на прописи, со прекин на огнот и безбедносни гаранции, рече Подољак во видео пораката објавена на Твитер.

Од Руската амбасада во Белорусија, каде се одржуваат преговорите, кусо соопштија дека третата рунда преговори завршила.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…