Home Актуелно Животот сè поскап – нов скок на цените за секојдневните потреби и трошоци

Животот сè поскап – нов скок на цените за секојдневните потреби и трошоци

Трошоците за живот и цените на мало во јануари во споредба со декември повторно се во пораст, објави Државниот завод за статистика. Трошоците за живот се зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти, објави статистика.

Ваков месечен скок на цените не е забележан во изминатата деценија, според податоците за Заводот за статистика.

Поскапеле чајот, кафето и какаото, потоа рибата и морските плодови, овошјето, пивото, виното, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи.

Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти.

Не им го плаќаат боледувањето, па и заразени одат на работа
Намалување на трошоците на животот има кај воздухопловниот патнички транспорт, медиумите за снимање, обувките, парамедицинските услуги, информатичката опрема за обработка на податоците, туристичките аранжмани…

Доколку пак јануари годинава се спореди со јануари лани, тогаш има зголемување од 6,7 проценти кај трошоците на живот, а за 7,3 проценти кај цените на мало.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…