Контроверзен политички говор на владиката Агатангел по повод Свети Трифун


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На одбележувањето на денешниот христијански празник Свети Трифун во Кавадарци, владиката Агатангел со својот политички и контроверзен говор ја зовре атмосферата, по што министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој беше претставник на Владата, демонстративно на напуишти церемонијата.

На церемонијата владиката побра помош од Бога за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власта, а оној кој како што рече не ја чувствува Македеонија како своја да е владее. Миелвски манифестацијата ја окарактеризира како партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ, а Агатангел како штетник.

„Возљубени чеда на Господа, чеда на нашата света македонска црква и на оваа света наша македонска земја, денес во градот Кавадарци, во срцето на Тиквешијата, со вашиот градски татко и нашиот драг градоначалник Митко Јанчев, со претседателот на најголемата и најсвета партија наша партија, ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, со сите пратеници, членови на Општината и сите советници, сите добронамерни луѓе, да го благословиме овој ден на лозарите, на виното, на љубовта. Се собравме заеднички да ја искажеме и болката и тагата, но еве ние Македонците ја забораваме и болката и тагата кога треба да се радуваме. И навистина денеска се радуваме што нашиот градоначалник, најдобриот градоначалник на оваа наша света македонска земја, господинот Јанчев, нè собра да го прославиме овој голем ден“, рече владиката на почетокот од говорот.

„Сакам, можеби некој ќе ми замери, но еве некој вчера зборуваше да не зборуваме и да не гледаме на состојбите што ни се случуваат со емоции. Но, ние Македонците сме емоционални луѓе, ние Македонците сме патриоти, ние си го сакаме својот македонски јазик и држава, својата македонска нација и сето она што е свето и македонско бидејќи тоа го примивме од нашиот свет апостол Павле кој шеташе и чекореше по оваа света македонска земја. И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог, спасителот наш Исус Христос, мајката Божја Богородица, која е заштитничка на оваа света македонска земја, ќе му помогне него и на сите негови соработници на се она што е наше свето македонско, национално, ќе го вратиме назад и нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на нашата света земја“, рече владиката.

„Сакам да реагирам на политичките изјави кои денеска ги слушнавме од владиката Агатангел, мислам дека е срам за мантијата што ја носи и повеќе ѝ прави срам на црквата отколку што тој самиот си прави срам за себе бидејќи да беше свесен за што зборува, тој немаше тоа да го каже. Како што црвите и мувите се штетници за лозарите, така господинот Агатангел, ако можам да го наречам господин, е штетник за црквата, народот и граѓаните. Мислам дека црквата треба да се свести кој во нејзините редови се владици и кој пуштаат на вакви настани, напаѓаат голем дел од македонското христијанско население и го величат лидерот на опозицијата. Тоа најмалку му носи поени на лидерот на опозицијата. Кога стигнал лик како Агатангел да го фали, нека му служи на чест“, изјави министерот Милевски.

Еден од собраните граѓаните ја прекина изјавата на Милевски со довикување, а кавгаџиски беше расположен и кон новинарите.

За разлика од власта, лидерот на опизицијата во прозивките на Агатангел не виде ништо спорно во прозивките на Владиката.

Ова не е прв пат владиката Агатангел да ја крене на нозе политичката јавност со своите настапи, ниту пак е првпат отворено во името на црквата да дадада политичка поддршка. Владиката беше и во центарот на вниманието кога среде ковид пандемија даде наредба свештениците качени на камион да ги прскаат улиците со света вода против коронавирусот.