Временска прогноза за последниот јануарски ден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


31-от, последен јануарски ден во Македонија претпладне носи сончево време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе започнат врнежи од снег.

Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат до 6 Целзиусови степени, Маврово 3, Охрид и Битола 5, Крива Паланка и Берово 4, Кавадарци 9, Дојран 13.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, повремено пообилни. Уште од ноќта особено на запад ќе ќе се формира снежнa покривка која на планините ќе се зголемува. На југоистокот снежна покривка ќе има на повисоките места и планините, а врнежите ќе бидат повремено од дожд кој ќе преминува во снег. Дневните температури ќе се движат од 2 до 6 степени.