Студена и сончева среда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешниот ден, среда, 26. јануари, во Македонија наутро носи многу студено време, а преку денот сончево со мала до умерена, а во североисточните делови со зголемена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен во сабота. Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег.