Home Актуелно Листа со земји во светот рангирани според корупција – еве колку сме корумпирани ние во Македонија

Листа со земји во светот рангирани според корупција – еве колку сме корумпирани ние во Македонија

И оваа година Данска е најдобро рангирана во светот според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Со ист број бодови (88) првото место го дели со Финска и Нов Зеланд.

Најлошо рангирана земја, според перцепцијата на корупција е Јужен Судан со 11 поени, два помалку од Сирија и Сомалија.

Македонија се наоѓа на 87. место од вкупно 180 со 39 поени од можни 100 и бележи напредок од четири места во однос на претходната година. Државата има ист број поени како и Колумбија, Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам.

Според Индексот на перцепција на корупцијата, Србија е на 96-то место од 180 земји и територии, со индекс од 38, забележан втора година по ред, што се и нејзини најниски проценки досега, според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021 објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Србија нема никаков напредок и со 38 поени, исто како и претходната година, останува на најнискиот резултат од 2012 година, кога почнаа да се анализираат податоците. Србија го дели 96-тото место со пет други земји, Аргентина, Бразил, Индонезија, Лесото и Турција.

Од останатите држави на Западен Балкан, Црна Гора има индекс 46, Босна и Херцеговина и Албанија 35, Словенија е на 41 место со индекс 57, а Хрватска на 63 место со индекс 47.

Индексот на перцепција на корупција рангира 180 земји и територии во светот според нивото на корупција во јавниот сектор, а резултатите покажуваат скала од нула, што значи висока корупција до 100 кога станува збор за многу чиста земја или територија во однос на корупцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…