Home Актуелно Нов земјотрес со епицентар на 18 километри од Битола регистриран попладнево

Нов земјотрес со епицентар на 18 километри од Битола регистриран попладнево

Во текот на денешниот ден, во попладневните часови беше регистриран нов земјотрес со епицентар на 18 километри од Битола со јачина од 3,1 степени по Рихтер. Потресот бил на длабочина од еден километар, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Синоќа како резултат на посилни земјотреси во регионот Лерин, Грција, во Битола беа забележани распукани внатрешни и надворешни ѕидови на објекти, поради што општината одлучи да побара помош и од Владата за санирање на штетите од земјотресот.

Во текот на денешниот ден повторно имаше земјотреси во Лерин, Грција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…