Home Актуелно 6 месеци затвор за Кичеец за сообраќајката кај Стража

6 месеци затвор за Кичеец за сообраќајката кај Стража

Зоран Милески кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката кај Стража, која се случи на 4 сепември, потврдуваат од обвинителството. Според овие информации, обвинетиот постигнал спогодба со обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.

Во несреќата, животот го загуби сопатник во автомобилот „Санг јонг“, четири лица се здобија со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобија со полесни телесни повреди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…