Home Актуелно Апасиев до Алијанса, Алтернатива и БЕСА: „Искористете ја шансата да ги пратите ДУИ во опозиција, оти на избори ќе ве прегазат“

Апасиев до Алијанса, Алтернатива и БЕСА: „Искористете ја шансата да ги пратите ДУИ во опозиција, оти на избори ќе ве прегазат“

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва „ги предупреди“ албанските партии дека доколку во четврток не и изгласаат недоверба на Владата, тогаш ДУИ ќе ги прегази на наредните избори.

-Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они – максимум 9.
Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ, порача Апасиев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…