Ахмети бил на информативна средба со Мицкоски


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од ДУИ за „Слободен печат“ потврдиле дека двајцата лидери се сретнале и оти станувало збор за „информативна средба, за да се слушнат ставовите на Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“

Денеска Ахмети имаше средба и со актуелниот коалициски партнер, Зоран Заев. Средбата била во Собранието, но детали не беа соопштени. Од СДСМ само потврдија дека Заев бил во парламентот откако го повикал собранискиот претседател, Талат Џафери, со цел лично да го информира за поставеното прашање за доверба на Владата и за понатамошните деловнички чекори.