Home Актуелно Фер потег на поразениот Сугарески во Прилеп: Му честиташе победа на Јовчески и му посака успешна работа

Фер потег на поразениот Сугарески во Прилеп: Му честиташе победа на Јовчески и му посака успешна работа

Кандидатот за градоначалник на град Прилеп од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, му ја честиташе победата на новоизбраниот прилепски градоначалник Борче Јовчески, кој градоначалничкиот мандат го освои како кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-На крајот на изборниот процес, би сакал да ви се заблагодарам на вашата поддршка искажана за време на изборната кампања за локалните избори за градоначалник и членови на општинскиот Совет. Мнозинството граѓани од нашата општина се изјасни за промени и му ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. На новиот градоначалник Борче Јовчески, му ја честитам победата. Му посакувам да ги реализира планираните проекти, кои ќе придонесат за понатамошен развој на градот и подобар живот на граѓаните на општина Прилеп, се вели во објавата од Сугарески на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…