Home Актуелно Бившата грчка министерка Дора Бакојани боледува од рак на белите крвни клетки

Бившата грчка министерка Дора Бакојани боледува од рак на белите крвни клетки

„500 луѓе годишно се дијагностицираат со мултипен миелом во Грција. Една од нив веќе сум и јас“, објави поранешната грчка министерка и пратеник од Нова демократија Дора Бакојани на својот официјален фејсбук-профил.

Таа соопшти дека има рак на белите крвни клетки, кој е во почетна фаза и со најдобра можна прогноза за текот на болеста, јави дописничката на МИА од Атина.

„Никогаш не е лесно да слушнеш дека имаш рак. Она што не го контролираш, она што ненадејно доаѓа од никаде, тоа повеќе те плаши. И те плаши, не само за тебе, туку и за оние што ги сакаш и те сакаат. Сепак, постои борба со оваа болест и се победува. И ако нешто е сигурно, тоа е дека никогаш немам отстапено од ниедна битка во мојот живот“, напиша Бакојани

Објасни дека ќе продолжи регуларно да работи паралелно со терапијата, а на другите 499 заболени лица им порача дека е „болест со која учиш да живееш, паралелно и истовремено“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…