Home Живот и здравје Забележан нов симптом на Ковид-19

Забележан нов симптом на Ковид-19

Досега евидентираните најчести симптоми кои ги предизвикува Ковид-19 се зголемената телесна температура, сувата кашлица и проблемите со дишењето, но сега се испостави дека заразата предизвикува и други симптоми кои се манифестираат на кожата.

Имено, една жена од Велика Британија пријавила дека кожата на рацете почнала да ѝ се лупи откако се заразила со ковид-19, а веднаш потоа истиот симптом го пријавиле и повеќе луѓе кои рекле дека се соочуваат со истиот проблем, но дека не ни помислиле дека лупењето на кожата е последица на короната.

Главниот британски епидемиолог Тим Спектор за „Вајс“ рекол дека станува збор за необични симптоми и дека се работи за нешто слично како и „ковид-прстите“.

– Ковид-прстите најчесто се јавува на ножните прсти, но може да се јави и на прстите на рацете. Изгледаат како смрзнатини, а може да дојде и до лупење на кожата – вели д-р Спектор.

Освен тоа, 23-годишната Дајана Пардо на апликацијата каде што луѓето ги пријавуваат симптомите на ковид-19 пријавила дека кожата ѝ станала збрчкана неколку дена пред да ѝ биде потврдена инфекцијата од коронавирусот.

– За само неколку минути туширање, кожата на дланките ми стануваше ужасно збрчкана – рекла Пардо.

Друга жена, пак, пријавила дека инфекцијата почнала со симптоми слични на грипот, но потоа кожата почнала ужасно да ја чеша, особено на лицето.

31-годишната Ребека Лефевр морала да повика Брза помош откако поради короната ѝ се појавил осип на целото тело, а ѝ отекле и усните.

Меѓутоа, додека луѓето ги пријавуваат сите необични симптоми на коронавирусот, една нова студија покажала дека „ковид-прстите“ можеби не се симптом на инфекцијата, туку нуспојава која се појавува како реакција на имунолошкиот систем по заразувањето со коронавирусот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…