Автобус со вработени во „Кромберг и Шуберт“ се преврте кај Жабени – петмина повредени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утрово, на излезот од индустриската зона „Жабени“ кај Битола, автобус кој превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“ се превртел од патот. Полицијата потврди дека несреќата се случила утрово околу 6,30 часот, кога автобусот се превртел од патот, пренесува СДК.

Од Битолската болница соопштија дека се донесени 5 повредени пациенти со полесни повреди, третирани амбулантски и не се хоспитализирани.