Home Актуелно Започна барањето согласност од родителите за скрининг кој ќе опфати над 8.000 ученици

Започна барањето согласност од родителите за скрининг кој ќе опфати над 8.000 ученици

Од денеска започна барањето согласност од родителите за тестирање на децата за ковид-19, процес што ќе се спроведува ширум државата. Скринингот ќе опфати 8 178 ученици од 364 основни и 109 средни училишта.

Како што информираат од Министерството за здравство, изборот на децата ќе биде случаен, тестирањето ќе го прават здравствени работници и ќе се спроведува во самото училиште.

„Тестирањето трае помалку од една минута, тоа е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина. Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот ковид-19, односно дали се шири низ училиштата и каква е трансмисијата“, велат од Министерството за здравство.

Затоа апелираат до родителите и старателите чиј деца ќе бидат избрани за тестирање да дадат согласност и да се добијат релевантни податоци за трансмисија на вирусот и дали има асимптоматски случаи меѓу учениците.

„Со давањето поддршка на скринингот, значајно ќе се придонесе да се добијат релевантни податоци базирани на докази, кои ќе овозможат натамошно носење соодветни одлуки од интерес на децата и учениците. Тоа ќе овозможи побезбедно одвивање на наставата како и поголема заштита на здравјето на учениците“, пишува во апелот од Министерството за здравство.

Најмногу ученици ќе се тестираат во Скопје – 766, како и во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…