Home Актуелно Сив, облачен и дождлив понеделник

Сив, облачен и дождлив понеделник

И во текот на денешниот ден, понеделник, 11. октомври, Македонија ја очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (каде локално ќе наврнат дополнителни 20 л/м2 дожд за 24 часа).

Во јужните делови, каде се очекуваат сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Утре попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег. Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…