Home Живот и здравје АстраЗенека бара дозвола од ФДА за третман со антитела за итна превенција против Ковид-19

АстраЗенека бара дозвола од ФДА за третман со антитела за итна превенција против Ковид-19

Фармацевтскиот гигант АстраЗенека соопшти дека третманот познат како AЗД7442 ќе биде првата комбинација на антитела со долго дејство која би добила одобрение за итна употреба за превенција од Ковид-19.

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека”, која разви една од првите вакцини против коронавирус, побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) да го одобри нејзиниот третман со антитела за спречување на болеста.

Компанијата денеска соопшти дека третманот познат како AЗД7442 ќе биде првата комбинација на антитела со долго дејство која би добила одобрение за итна употреба за превенција од Ковид-19.

„Третманот може да им помогне на луѓето чиј имунолошки систем не реагира соодветно на вакцинација”, наведува „АстраЗенека”.

Извршниот потпретседател на „АстраЗенека”, Мене Пангалос рече дека ранливото население, како што се луѓето со слаб имунолошки систем, често не можат да развијат заштитна реакција по вакцинацијата и ризикуваат да добијат Ковид-19.

Според него, со овој препарат, светот е поблиску до обезбедување дополнителна опција за заштита од Ковид-19, покрај вакцините.

Побарувачката за третмани за антитела во САД се зголеми во текот на летото, особено во држави како Флорида, Луизијана и Тексас, каде хоспитализациите кај невакцинираните пациенти се закануваат да го преоптоварат здравствениот систем.

Главниот третман на антитела што се користи во САД е Регенеронов двоен коктел на антитела. ФДА го одобри препаратот Регенерон како заштита за лицата со висок ризик од тежок облик на Ковид-19.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

7 невидливи знаци дека телото и мозокот страдаат од несоница (и кога ви изгледа дека спиете)

7 НЕВИДЛИВИ ЗНАЦИ ДЕКА ТЕЛОТО И МОЗОКОТ СТРАДААТ ОД БЕЗСОНИЦА (ДУРИ И КОГА МИСЛИТЕ ДЕКА СП…