Home Шоубизнис Ким шверцерка?

Ким шверцерка?

Во американските судските досиеја е наведено дека „ријалити“ ѕвездата Ким Кардашијан учествувала во шверц на античка римска статуа за која американските власти велат дека била украдена во Италија, пишува Си-Ен-Ен.

Судските документи велат дека американската влада барала одземање на ограбената, шверцувана и нелегално извезената антика за која се верува дека и била предадена на Кардашијан.

Портпаролот на Ким Кардашијан вели дека ѕвездата нема никаква врска со тоа и дека првпат слуша за скулптурата.

„Веруваме дека можеби е купена со неовластено користење на нејзиното име. Ким никогаш не го добила и не била свесна за трансакцијата. Ние ја охрабруваме истрагата и се надеваме дека ќе им се врати на нејзините вистински сопственици”, рече портпаролот во изјавата за Си-Ен-Ен .

Спорната скулптура е идентификувана во списите како Миронова Атина, а покрај неа во пратката имало уште 40 други антиквитети, украси и модерен мебел.

Обвинението е поднесено оваа година, иако еден фрагмент од античката скулптура бил запленет во март 2016 година. Тогаш скулптурата требало да пристигне кај Ким додека ја реновирала куќата во Калабасас. Откако е откриено што има во пратката, судот во Лос Анџелес покренал обвинение против Ким и нејзиниот тогашен дизајнер на ентериер Аксел Верворт.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Елена Караман му посвети порака на синот Симон за 21. роденден – Ме учиш како да бидам подобра

Елена Караман со емотивна објава го одбележа 21. роденден на својот син Симон Кариќ. Позна…