Home Актуелно Викенд временска прогноза

Викенд временска прогноза

Времето денес, сабота, 8 мај, претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој на повисоко и кон исток повремено ќе има силен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Денеска поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено силен северен ветер (над 60 км/час) што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови. Во деновите потоа ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурата тогаш ќе биде во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…