Home Актуелно Нов црн рекорд во Бразил на починати лица од КОВИД-19 во само еден ден

Нов црн рекорд во Бразил на починати лица од КОВИД-19 во само еден ден

Бразил во изминатите 24 часа забележа нова рекордна црна статистика на 1.641 лице починато од коронавирусот, што е рекорден број смртни случаи регистрирани во земјата за еден ден, покажуваат податоците на локалното Министерство за здравство.

Претходно, најголемиот број смртни случаи беа забележани на крајот на јули минатата година – 1.595.

Бразил се соочува со нов бран на епидемијата, а здравствениот систем е пред колапс.

Според официјални податоци во Бразил од Ковид-19 досега починаа повеќе од 257.000 луѓе, а земјата е на второто место во светот, по САД, по вкупниот број смртни случаи од коронавирусот.

Околу 10,6 милиони случаи на коронавирус се потврдени од почетокот на пандемијата, а 59.925 лица биле заразени во последните 24 часа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…