Home Актуелно Сончев вторник

Сончев вторник

И вториот мартовски ден времето во земјава ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -6 до 0, а дневната од 6 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а дневната ќе достигне до 14 степени. Маврово 6, Охрид 11, Битола 12, Крива Паланка 10, Кавадарци 14, Берово 9, Дојран 16.

До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…