Home Актуелно Прес-конференција на министерот Спасовски за бегството на Сашо Мијалков

Прес-конференција на министерот Спасовски за бегството на Сашо Мијалков

Во изјавата за медиумите и јавноста поврзана со бегството на Сашо Мијалков, првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, апелиура дека ресорното министерство продолжува со сите расположиви мерки за пронаоѓање на Мијалков, .

Спасовски ги претстави поединостите и контактите помеѓу Министерството и обвинителката Русковска, како и активностите коишто ги презела полицијата и најави продолжување на истрагата.

„МВР ќе продолжи со сите расположливи средства да трага по бегалецот. Сите надлежни институции, согласно своите надлежности, имаме таква обврска да го лоцираме и да постапиме по судска наредба“, рече Спасовски.

Претходно низ јавноста неофицијално се говореше дека на својата прес конференција министерот Спасовски и неговиот заменик, Буши би можело да поднесат оставка од функциите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…