Home Актуелно И гостиварскиот градоначалник Таравари позитивен на КОВИД-19

И гостиварскиот градоначалник Таравари позитивен на КОВИД-19

Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари соопшти дека е инфициран со корона вирусот.

„Штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот Ковид-19. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во оваа игра, никој не може да се заштити сам … со тоа што не ги спроведуваме анти-ковид мерките, своеволно се претвараме во оружје еден против друг. Јас ке бидам под силен надзор од страна на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се“, наведе Таравари на неговиот фејсбук-профил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…