Home Актуелно Судијката Ефремова на денешното судско рочиште го отстрани Бојан Јовановски од судница

Судијката Ефремова на денешното судско рочиште го отстрани Бојан Јовановски од судница

На денешното судско рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, судијката Софче Ефремова Гаврилова го отстрани од судницата првообвинетиот Бојан Јовановски.

Судијката најпрвин го опомена Јовановски да запре со недоличното однесување, по што одлучи да биде изнесен од судницата.

„Ви претат дека ќе ве разрешат. Тоа ви го прават и затоа се плашите кога ќе се спомене политика. Ја кажувам вистината, нема никаква тенденција“, рече Јовановски.

По ова судијката нареди тој да биде отстранет од судницата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…