Home Актуелно Вторничка декемвриска временска прогноза

Вторничка декемвриска временска прогноза

Вториот ден од месец декември во Македонија носи променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 7 степени. Маврово 2, Охрид 8, Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 8, Дојран 11.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…