Home Актуелно Сончев и топол есенски вторник

Сончев и топол есенски вторник

И денес, вторник, 10 ноември, времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, во утринските и во претпладневните часови магливо, а околу пладне и попладне сончево. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени. Маврово 12, Охрид, Битола, Крива Паланка и Кавадарци 15, Берово 14, Дојран 20.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…