Home Актуелно Министерот Хоџа вети формирање заеднички комитет на лозарите и винарските визби

Министерот Хоџа вети формирање заеднички комитет на лозарите и винарските визби

Во Кавадарци, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Арианит Хоџа, порача дека ресорот ќе иницира формирање заеднички комитет на лозарите и на винарските визби за да направиме долгорочна стратегија за да не не затекнуваат секоја година проблемите со откупот на грозјето.

-Ќе разговараме во тој дел и ќе се обидеме да најдеме најдобро можно решение, рече Хоџа во одговор на прашање по денешната прес-конференција во Кавадарци заедно со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Прашан дали се точни шпекулациите дека е запленето грозје од Тиквешијата со тешки метали и оти е вратено во земјава, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство посочи дека пред да дојде во Кавадарци службите го информирале дека нема никаков проблем со останатите држави во кои се извезува грозје од Тиквешијата. -Затоа не верувам дека имаме таков конкретен случај, потенцира Хоџа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…