Home Актуелно Уште една штипска конфекција регистираше вработен позитивен на коронавирус

Уште една штипска конфекција регистираше вработен позитивен на коронавирус

КОВИД-19 „влезе“ во уште една штипска конфекција. Денеска е регистриран еден случај на лице позитивно на коронавирусот во новата фабрика.

Директорката на Центар за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека според нивните анализи од почетокот на пандемијата, па досега вирусот има влезено во вкупно 19 текстилни конфекции.

Според пристигнатите резултати од тестирањето се очекува денеска бројката на нозаразени да биде 15, со што за разлика од минатите денови се бележи мал пад на бројките.

Состојбата во штипското комуналано претпријатие „Исар“ е стабилна, таму деновиве се откриени тројца заразени со коронавирусот. Димитрова вели дека по направената епидемиолошка анкета нивните контакти се ставени под контрола, за да не се шири вирусот.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека на Инфективното одделение денеска се лекуваат 49, од кои петмина се новопримени, а вкупно девет пациенти се со повремена кислородна поддршка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…