Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Овој јулски понеделник во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 Целзиусови степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Маврово 23, Охрид 28, Битола 31, Крива Паланка и Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 36.

Утре времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…