Home Актуелно СДСМ ветува домашна платежна картичка од 9.000 и 12.000 денари за пензионери и стечајни работници

СДСМ ветува домашна платежна картичка од 9.000 и 12.000 денари за пензионери и стечајни работници

На вчерашната партиска трибина во рамки на предизборната кампања одржана во Чаир, Оливер Спасовски од СДСМ најави дека секој пензионер со пензија до 15.000 денари ќе добие домашна платежна картичка од 9.000 денари, секој стечаен работник 12.000 денари за купување домашни производи.

Тој додаде дека домашни плтаежни картички ќе добијат и невработените кои не се активни баратели на работа, како и секој самохран родител.

„Продолжуваме со конкретни проекти, не со лаги и манипулации што ги нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасовски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…