Понеделничка временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, понеделник, 6 јули, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне ќе има променлива облачност, а од пладне повремено ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен. Маврово 24, Охрид и Берово 28. Битола 29, Крива Паланка 30, Кавадарци 34, Дојран 35.

До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во вторник ќе почне да дува и силен северен ветер, а од среда следува постабилен период