Home Актуелно Заев порачува: Дури и за државата е здраво ДУИ да замине во опозиција после 17 години поминати во власта

Заев порачува: Дури и за државата е здраво ДУИ да замине во опозиција после 17 години поминати во власта

Првиот човек на СДСМ, претседателот Зоран Заев апелираше дека ќе биде здраво за државата ако по 17 години на власт ДУИ премине во опозиција, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

За кампањата на ДУИ за премиер Албанец, Заев рече дека станува збор за национал-популистички концепт и заради тоа ДУИ ќе изгуби на изборите на 15 јули.

„Ова е само национал-популистички концепт и ништо друго. Верувам дека ќе изгуби ДУИ заради тоа. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ остануваат заедно во опозиција и тие си помагаат како ДУИ со ваквиот наратив да поминат во опозиција. Навистина, по 17 години на власт здраво е за државата ДУИ да помине во опозиција. Здраво е и за нив, и партиите се подобруваат во опозиција“, кажа Заев.

На ДУИ им порача да се помачат малку да добијат видливо македонски, бошњачки, турски и гласови од другите етнички заедници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…