Home Актуелно Даваат неточни податоци или не отвораат врата само за да не примат решение за самоизолација

Даваат неточни податоци или не отвораат врата само за да не примат решение за самоизолација

Државниот здравствен и санитарен инспекторат има серозни секојдневни проблеми со утврдувањето на потенцијално заразените лица и преносители на КОВИД-19 поради неодговорност, лажење и манипулирање со податоците од страна на граѓаните.

Лицата кои се анкетираат во врска со ковид-19 најчесто даваат неточни лични податоци, односно точно име, а презиме „случајно згрешено“ со две или три букви, непостоечка адреса, телефонски број кој не постои и во никој случај имејл.

Ова се проблемите со кои се соочува Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секојдневните обиди да ги утврдат сите лица кои се можни заразени и потенцијални преносители на зараза. Но дури и ако дадат точни податоци, има и втора пречка – не ги примаат решенијата за самоизолација.

„Кога ќе дојдеме до врата, се соочуваме со ‘Ова лице не живее тука со години… не го познаваме’ или едноставно не отвораа врата за да не се прими решението“, вели директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова Бухова.

Таа апелираше ваквите постапки да се сведат на нула, затоа што бројките кои ќе следат во наредните 10 или 15 дена се правопропорционални последици на ваквите однесувања.

„Секое позитивно лице или контакт од прв ред со висок ризик со позитивно лице кое нема да го прими решението и слободно ќе функционира е потенцијална бомба, односно потенцијална зараза за сите оние каде што тоа ќе се движи“, рече Сотирова Бухова.

Претходно, одговарајќи на новинарско прашање за еден од поголемите кластери кои го крена бројот на заразени изминатиов период, Сотирова-Бухова како специфичен пример ја посочи свадбата во Скопје, каде што има досега 14 заразени, а не е посочен ниту еден контакт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…