Home Шоубизнис Најбрзиот човек на светот за прв пат стана татко

Најбрзиот човек на светот за прв пат стана татко

Усаин Болт и неговата партнерка Каси Бенет станаа родители за прв пат, откако Каси на светот го донесе нивното бебе.

Осумкратниот освојувач на златни олимписки медали треба да го сподели со јавноста името на својата новородена ќерка, но веста за нејзиното раѓање во понеделникот ја сподели премиерот на Јамајка, Ендру Холнес.

„Честитаме на нашата спринтерска легенда Усаин Болт и на Каси Бенет за доаѓањето на свет на нивното девојче“, напиша јамајканскиот премиер на Твитер.

33-годишниот спринтер од 2014 година е во врска со 4 години помладата Бенет. Болт во јануари потврди дека неговата партнерка е бремена.

„Само сакам да кажам дека стигнува крал или кралица“, напиша тогаш Болт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kasi J. Bennett (@kasi.b) on

Болт се повлече од професионалниот тартан после Светското атлетско првенство во 2017 година, во Лондон, кога во последната трка се здоби со повреда на коленото. Тој е 11-кратен првак на светот и останува единствениот човек во историјата кој освои златни медали на три Олимпијади по ред – 2008, 2012 и 2016. Јамајканецот, исто така, ги држи официјалните рекорди на 100 и 200 метри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…