Home Актуелно 19 загинати морнари во таканаречен „пријателски оган“ во Оманскиот залив

19 загинати морнари во таканаречен „пријателски оган“ во Оманскиот залив

19 загинати и повеќе повредени ирански морнари е црниот биланс од таканаречениот „пријателски оган“ за време на воени вежби на иранската морнарица во Оманскиот залив, се наведува во неофицијалните извештаи кои ги пренесе Би-би-си.

Локални новинари наведуваат дека фрегатата „Јамаран“ на Иранската револуционерна гарда тестирала нов проектил со кој случајно бил погоден логистичкиот брод Конарак.

Иранската војска потврдила за АФП дека загинале 19 војници, а најмлаку 15 се повредени во поморски вежби. Инцидентот, во близина на Хормушкиот теснец го опишале како несреќа.

Според неофицијални податоци фрегатата Јамаран ја испалила ракетата прерано а бродот Конарак немал време да се повлече од пловната цел, која ја донел на позиција.

Видео записот на социјалните мрежи наводно го покажува превезувањето на повредени морнари во болница.

Иранската револуционерната гарда во јануари случајно собори украински патнички авион во близина на Техеран при што ги уби сите 176 луѓе во авионот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…