Home Актуелно Една од најстарите светски авиокомпании прогласи банкрот

Една од најстарите светски авиокомпании прогласи банкрот

Втората по големина авиокомпанија во Латинска Америка и една од најстарите авиокомпании во светот, колумбиската „Авијанка холдингс“, поднесе барање за банкрот.

До ваквата ситуација дошло поради почнување на рокот за исплата на обврзниците, а колумбиската влада не одговорила на барањата за помош.

Доколку не успее да излезе од банкрот, „Авијанка“ ќе биде еден од првите најголеми авиопревозници во светот што ќе пропадне поради пандемијата на коронавирус, која предизвика пад од 90 проценти во глобалниот воздушен сообраќај.

„Авијанка“ од март не сообраќа на редовните линии, а повеќето од 20.000 вработени не земаат плата уште од почетокот на кризата.

Портпаролот на „Авијанка“ за „Ројтерс“ изјавил дека компанијата сè уште се обидува да обезбеди државни заеми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…