Home Шоубизнис Еден од најбогатите Норвежани уапсен под сомнение за убиство на неговата сопруга

Еден од најбогатите Норвежани уапсен под сомнение за убиство на неговата сопруга

Еден од најбогатите Норвежани, мултимилионерот Том Хаген беше уапсен под сомнение дека ја убил својата сопруга Ен-Елизабет Хаген, откако нејзината трага се губи пред 18 месеци.

Ен-Елизабет Хаген (69) исчезнала во октомври 2018 година, а семејството соопшти дека непознати сторители побарале откуп за неа. Но, вчера, норвешката полиција го уапси Хаген (70), под сомнение за убиство, јавува Си-Ен-Ен.

Полицијата сега смета дека Ен-Елизабета е убиена, не киднапирана и има доволно докази за да се „осомничи“ Хаген за нејзиното убиство.

„Важно е да се потенцира дека иако го обвинивме Том Хаген, случајот сè уште е под истрага и има неколку неодговорени прашања“, соопшти полицијата.

„Неопходно е да се разјасни точно каква улога играл Том Хаген, да се најде телото на Ен-Елизабет Хаген и да се утврди дали други лица биле вклучени во нејзиното убиство“, додаде полицијата.

Норвешкиот правен систем и дозволува на полицијата да приведе лице под сомнение за кривично дело пред да биде поднесена официјална пријава. Адвокатот на Хаген, Свеин Холден изјави дека неговиот клиент ги негира сите обвиненија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…