Временска прогноза за последниот априлски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој четврток, последен ден од месец април, во Maкедонија носи променливо облачно и топло време со слаб до умерен западен до северозападен ветер.

Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд засилување на ветерот и појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12, а дневната од 14 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 22 степени. Маврово 14, Охрид,Крива Паланка и Берово 19, Битола 21, Кавадарци и Дојран 24.

До крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо.