Обожавателите 8 години го чекаа ова: „Living In A Ghost Town“ – нова песна на „Ролинг Стоунс“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британската група Ролинг Стоунс објавија нова песна насловена „Living In A Ghost Town”, којашто е нивни прв сингл по осум години пауза.

Зборовите, притоа, се инспирирани од кризата предизвикана од новиот коронавирут, оти во еден дел се говори за тоа како „животот бил убав пред изолацијата“.

„Мислам дека тоа ќе одекне во времињава коишто ги живееме… Не е напишана за сегашната состојба, туку за тоа како е да се биде на место полно живот, а потоа сѐ се претвора во ова, каде сѐ е лишено од живот“, изјави Џегер за „Епл мјузик“.

Џегер пее и за тоа како тој се чувствува како дух во градот на духовите… Во описот се вели дека првично песната е снимена пред околу една година во Лос Анџелес, но е завршена при годинешната изолација.

„Living In A Ghost Town” е прва песна на „Ролинг стоунс“ од 2012 година досега. Нивни последни песни беа „Doom and Gloom” и „One More Shot”.