Home Актуелно Пролетен петок

Пролетен петок

Времето во Македонија денес, петок, 13 март, ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 23 степени. Во Маврово 16, Охрид 18, Битола 22, Крива Паланка 21, Берово 20, Кавадарци 24, Дојран 26.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 16, Маврово 12, Охрид 15, Битола 17, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 20.

Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…